Испорака

Трошоците за достава се вклучуваат во вкупниот износ на нарачката и ќе бидат наплатени заедно со производите кои сте ги порачале. При достава на производот не треба да се плати ништо дополнително на доставувачот.

Доставата се врши во наредните 2-4 работни дена од денот на креирање на порачката, односно евидентирање на вашата уплата.

Достава вршиме на територијата на цела држава во долунаведените  градови и населени места:

Берово, Битола, Богданци, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демиркапија, Демир Хисар, Дојран, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крaтово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Росоман, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип

Достава се врши секој работен ден од понеделник до петок во период од 08-16 часот (освен во празници и неработни денови) до вашиот дом или на вашето работно место, изборот е ваш. Доставата се врши до пред самиот станбен/деловен објект, доколку истиот се наоѓа во горенаведените градови/населени места, во спротивно пратката ќе треба да се подигне од најблиското претставништво на доставувачот со кој соработуваме.

Горенаведните денови на достава важат при нормални услови, отстапки може да има во случај на:

  • Екстремно лоши временски услови и непристапност
  • Состојба на елементарна непогода
  • Протести,блокади, штрајкови
  • Епидемии, пандемии и сл.
  • Друга официјална криза на локално или државно ниво

За проценка на нормалноста на условите одлучува OLIKOKO.COM.

Производите ќе бидат испорачани преку вработени во OLIKOKO.COM или преку некој од нашите соработници за достава со кој соработуваме. Пред самата достава ќе бидете телефонски контактирани од доставувачот, на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Доколку при испорака на пратката доставувачот не ве најде на наведената адреса истата се враќа до OLIKOKO.COM во рок од две недели. 

Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања при транспорт и/или доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува и веднаш да ја рекламира на доставувачот. Во спротивно OLIKOKO.COM не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата на производите и нивната достава.


Доколку во предвидените рокови не ја добиете порачката и никој не ве исконтактирал за достава ве молиме да пријавите на телефонскиот број 078725655